ВИТКОФ МИ ПРАЌА ПОРАКИ, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ПРЕГОВАРАМЕ Иран нема доверба во САД, вели Арагчи

Иран призна дека прима пораки од САД, но не гледа основа за преговори поради целосен недостаток на доверба. Техеран бара целосен прекин на конфликтите, додека комуникацијата останува неформална.

335

Добивам пораки од Виткоф директно, како и претходно, и тоа не значи дека сме во преговори, изјави шефот на дипломатија на Иран Абас Арагчи. Министерот нагалси дека Иран има резерви за преговорите и е крајно претпазлив.

– Немаме никаква верба дека преговорите со САД ќе дадат некаков резултат. Нивото на доверба е на нула – изјави Арагчи.






Тој додаде:

– Не гледаме искреност.

Иран, вели Арагчи, би прифатил само целосен прекин на непријателствата во регионот, а не ограничен прекин на огнот што би се однесувал само на иранска територија.

Според Арагчи, иранското раководство не одговорило на 15. американски предлози. Воедно, не формулирало ниту свои услови или иницијативи.

САД и Израел го напаѓаат Иран од 28 февруари, по што Техеран возвраќа со напади врз Израел и цели во регионот поврзани со американското присуство.

Поврзани содржини