ВИСОКИ ШТИКЛИ И КРВАВИ ПОТПЕТИЦИ… Хрватска убавица ја покажа темната страна на модната индустрија
На прв поглед, сè изгледа како бајка, но зад гламурозните фотографии често се крие помалку убава страна на успехот, открива хрватската мисица Лаура Гњатовиќ.
Хрватската Мис Универзум Лаура Гњатовиќ сподели фото галерија на Инстаграм, давајќи им на своите следбеници увид во тоа како изгледал нејзиниот март, месец исполнет со гламурозни моменти, професионални ангажмани и живот на висока нога.
View this post on Instagram
На фотографиите доминираат елегантни изданија, модни настани и беспрекорен стил, но меѓу низата дотерани кадри, има една фотографија која силно се издвои од вообичаената совршеност на Инстаграм, и токму оваа предизвика најмногу реакции.
Имено, Лаура ја покажа болната страна на модната индустрија без разубавување. Сандалите што ги носи ѝ направиле на нозете толку многу жуљеви што нејзините петици беа целосно крвави. Овој суров и искрен изглед го откри она што ретко се гледа зад сцената, физичкиот напор и жртвите што често го придружуваат гламурот на модната писта.

Неочекуваната фотографија брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, а следуваа и многу коментари полни со сочувство.