ВИСОКА ШЕСТ МЕТРИ Елката на кралицата Елизабета го одзема здивот! (ФОТО)

Тука се традиционалните украси со црвена и златна боја кои се пренесуваат од колено на колено во семејството, а на врвот наместо ѕвезда има кукла во кралска униформа.

582

Божиќниот дух наголемо владее со стариот замок Виндзор, од која најстариот монарх во светот последните месеци управува со своето кралство. Во салата на Свети Џорџ, најсвечената просторија во замокот, чии темели биле поставени уште во средината на 11. век, е поставена елка висока шест метри. Може да ја види секој што сака, бидејќи зданието, по долга пауза поради пандемијата, неодамна беше повторно отворено за јавноста.

Вработените во замокот сe намачиле додека не ја накитиле прекрасната норвешка смрека. Тука се традиционалните украси со црвена и златна боја кои се пренесуваат од колено на колено во семејството, а на врвот наместо ѕвезда има кукла во кралска униформа.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Ново руво добила и „Гримизната сала“, во која се наоѓа малку пониска елка – од пет метри, со слични украси.

Посетителите оваа година имаат единствена можност да погледнат мини-изложба на празнична облека од колекцијата на кралицата Елизабета и нејзината сестра Маргарет.

Мора да се признае дека некои парчиња, изработени уште пред војната, несомнено заслужуваат да се најдат и во Националниот музеј. На пример, краткото тиркизно палто од брокат со раскошни мотиви коешто Елизабет го носела за Божиќ во 1943 година, кога во добротворна дворска претстава го глумела Аладин.

И паркот во Виндзор деновиве е вистински спектакл под отворено небо, особено ноќе, благодарение на неонското осветлување. Секое дрво блеска во друга боја.

Пред да замине на имотот во Сандригем, Норфолк, каде што со децении ги поминува празниците со своето семејство, кралицата ќе ѝ се обрати на нацијата и ќе ѝ испрати традиционална новогодишна честитка. Мештаните ја очекуваат и на утринската богослужба во локалната „Црква Марија Магдалена“.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини