ВИСОК НАПОН Е ПРИЧИНА ЗА ПОЖАРОТ ВО БЛОКОТ 3 НА РЕК БИТОЛА Експертски тим ќе дефинира чекори за да не дојде до нови хаварии

Стручни лица од РЕК „Битола“, со поддршка на колеги од МЕПСО и „ЕВН Македонија“, како и експерти од техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот минатиот петок.

289

ЕСМ денеска информира дека според првичните наоди, причина за пожарот во Блокот 3 во РЕК Битола е висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем.

Од компанијата велат дека интензивно се работи на оспособување на трансформаторот на Блок 3   кој беше ошететен во пожарот минатиот петок.






– Стручни лица од РЕК „Битола“, со поддршка на колеги од МЕПСО и „ЕВН Македонија“, како и експерти од техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот минатиот петок. Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем – информира денеска АД ЕСМ.

Компанијата најавува дека ќе формира експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира чекорите за спречување на слични појави во иднина.

Од компанијата информираат дека е зголемена динамика на ископ на јаглен во рудниците на РЕК Битола и се формираат солидни залихи на депонијата од која се снабдува термоелектраната.

– Во РЕК Битола продолжуваат и завршните активности за заокружување на процесот на т.н. нега на Блок 2 кој во недела треба да биде ставен во функција – информираа од ЕСМ. 

Поврзани содржини