Вирусот безмилосно удри во Индија – пациентите умираат на улиците, оти во болниците нема кислород (ГАЛЕРИЈА)
Здравствениот систем на втората најнаселена земја во светот е буквално пред колапс. Пациентите умираат дома или пред болниците, каде нема кислород, ниту слободни кревети.
Нови 352.991 заразени за само 24 часа во Индија, а дури 2.812 починати – бура ја тресе нацијата, изјави индискиот премиер Наредра Моди.
Оваа земја го собори црниот рекорд по бројот на новозаразени во светот, а тамошните здравствени власти проценуваат дека околу 5.000 луѓе дневно ќе умираат во следните неколку недели.
Здравствениот систем на втората најнаселена земја во светот е буквално пред колапс. Пациентите умираат дома или пред болниците, каде нема кислород, ниту слободни кревети.
Во некои од најпогодените градови, вклучувајќи го и Њу Делхи, телата на починатите масовно се палат во импровизирани крематориуми, а медиумите прикажаа видео од тројца здравствени работници во сојузната држава Бихар на истокот од земјата како го влечат телото на починат на пат кон кремирање, бидејќи тие едноставно немаат доволно носилки.
– Ако никогаш не сте биле на кремација, мирисот на смртта никогаш не ве напушта. Срцето ми се крши за сите мои пријатели и семејство во Делхи и Индија кои минуваат низ овој пекол – изјави Випин Наранг, професор по политички науки на Технолошкиот институт на Американскиот универзитет во Масачусетс (МИТ).
Во продолжение, погледнете неколку фотографии: