Виролозите апелираат: Мијте го овошјето исто како што ги миете рацете – со сапун!
Секоја површина е потенцијално контаминирана и секаде постои ризик човек да се зарази со коронавирусот, објаснува Њусам.
Вирологот Тимоти Њусам од Австралија, инаку угледен професор на Универзитетот во Сиднеј, тврди дека секоја површина претставува потенцијална опасност од заразување со коронавирусот, па токму затоа, вели тој, опасност се и овошјата и зеленчуците, објави „DailyMail“.
Тој ги советува луѓето да обрнат внимание на овошјето и на зеленчукот што ги купуваат во супермаркетите, а како што вели, производите треба темелно да се измијат со сапун и со топла вода, бидејќи Ковид-19 може да преживее на најразлични површини, а и потрошувачите се склони додека бираат постојано да ги преместуваат плодовите во гајбите.
– Секоја површина е потенцијално контаминирана и секаде постои ризик човек да се зарази со коронавирусот. Секако, не се смета сè за висок ризик, но важно е да се внимава. Мијте ги овошките и зеленчукот со сапун и со топла вода, исто како што ги миете рацете – вели Њусам.