Вирално видео со Трамп е најлудото на интернет во моментов

1,313

На социјалните мрежи, меѓу кои е и Парлер на која се преселиле поддржувачите на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, се зборува за тоа дека Трамп во знак на протест треба да одбие да ја напушти Белата куќа. Тие пак, кои едвај чекаат да ну го видат грбот, во одговор на таквата идеја на поддржувачите на Трамп споделиле клипче кое многу брзо стана вирално.

Трамповите противници клипчето го нарекле „генијално“, „забавно“ и „најсмешно клипче на интернет“, а на монтираниот клип се гледа како Трамп во фотелја зборува за „украдените избори“, а неколку луѓе едноставно го изнесуваат од Овалната соба.






Поврзани содржини