Винаријата „Лозар“ донираше 1.000 литри медицински алкохол на 4 институции

Седумстотини литри алкохол за медицински потреби беа донирани на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, а двесте литри се донирани на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп.

274

Винаријата „Лозар“ од Велес и г-дин Благоја Механџиски донираа 1.000 литри алкохол за медицински потреби во четири здравствени институции во земјава.

Седумстотини литри алкохол за медицински потреби беа донирани на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, а двесте литри се донирани на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп.






– Сакам да упатам благодарност до бизнисменот Благоја Механџиски и винаријата „Лозар“ од Велес, заедно со СОС Балканмедиа од Охрид и ЈП „Охридски комуналец“, кои што заедно донираа 200 литри алкохол со 76% за намена и корист во Општата болница во Прилеп. Во ова време на коронавирус кога најмногу ни е потребно дезинфекциско средство. Мислам дека во вистинско време на вистинско место оваа донација ќе биде упатена и сигурен сум дека задоволството ќе биде најмногу за вработените во Болницата, а уште повеќе на пациенттие на кои вистински им е потребно – рече градоначалникот Јовановски.

По педесет литри алкохол беа донирани и во општата болница „Д-р Русе Бошковски“ во Ростуше и во ЈЗУ „Општа Болница“ во Дебар, каде донацијата ја прими директорот д-р Баки Алили.

Поврзани содржини