ВИЛНУС СЕ ПРЕТВОРА ВО БЕЗБЕДНОСНА ТВРДИНА Со најсилното оружје ќе се штитат челниците на НАТО
Би било повеќе од неодговорно нашето небо да биде незаштитено додека пристигнуваат Џо Бајден и лидерите на 40 земји, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа, две дена пред Самитот на НАТО.
Главниот град на литванија, Вилнус е претворен во тврдина бранета со најмодерно оружје за да се заштити американскиот претседател Џозеф Бајден и лидерите на другите членки на НАТО кои ќе учествуваат на самитот на алијансата во вторник и среда.
Овој град е на само 30 километри од границата со Белорусија. и 151 километар од Русија.
Со цел да го обезбедат самитот, 16-те членки на НАТО ангажираа околу 1.000 војници, заедно со современите противвоздушни системи кои Литванија ги нема.
– Би било повеќе од неодговорно нашето небо да биде незаштитено додека пристигнуваат Бајден и лидерите на 40 земји – изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа.
Германија испрати 12 ракетни лансери „Патриот“, кои се користат за пресретнување на балистички и крстаречки ракети.
Шпанија го надгради противвоздушниот систем НАСАМС, додека Франција носи хаубици „Цезар“, пренесува Ројтерс.
Финска, Данска и Франција ги распоредија своите борбени авиони во Литванија, додека Велика Британија и Франција се задолжени за заштита од беспилотни летала.