Вилата во која живееше Јованка Броз се реновира за српската премиерка?

Засега не се знае дали во вилата на Дедиње ќе претстојува српскиот премиер.

644

Вилата на Дедиње во која живееше Јованка Броз сопругата на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито се реновира и ќе се претвори во резиденцијален објект, објавија српските медиуми.

Засега не се знае дали во вилата на Дедиње ќе претстојува српскиот премиер, но на социјалните мрежи се шират коментари дека вилата се подготвува за српската премиерка Ана Брнабиќ..






-Тоа зависи од тоа дали таква одлука ќе биде донесена – изјави  заменичката на генералниот секретар на српаксата влада Тамара Стојчевиќ, откако на социјалните мрежи се коментираше дека вилата „се подготвува за Ана Брнабиќ“.

Стојчевиќ вели дека српската Влада досега не донела таква одлука.

 

Поврзани содржини