Пејачката Викторија Лоба неодамна стана заштитно лице на нов бренд за костими за капење. По тој повод убавицата правеше фотосесија во Охрид, а на снимањето на самиот едиторијал за „влакно“ избегна несреќа.
Имено, една од конструкциите за малку ќе паднела врз неа, а Лоба како вистински професионалец наместо да избега, се свртела и ја задржала истата.
Овој момент го „фати“ една од камерите, па видеото виртуелно се прошири на социјалните мрежи.