Викторија Бекам ги намали платите на работниците и побара државна помош

Со овој чекор, таа на себе навлече лутина и незадоволство од јавноста.

642

Викторија Бекам побарала помош за својата модна компанија од фондот на британската Влада наменет за компании кои имаат проблеми поради епидемијата на коронавирусот.

Викторија Бекам претходно ги извести 30-мината вработени во нејзиниот моден бизнис дека ќе им ги намали платите во согласност со процедурата на Владата на Велика Британија, за санирање на последиците од пандемијата на коронавирусот.






Со овој чекор, таа на себе навлече лутина и незадоволство од јавноста.

Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, некогашна членка на групата Спасј Грлс, имаат имот вреден најмалку 380 милиони евра, а Викторија поседува колекција чанти во вредност од 1,5 милион фунти (1,7 милиони евра).

Поврзани содржини