ВИКНЕТЕ ЈА МЕРКЕЛ, САМО ТАА МОЖЕ ДА ГО УБЕДИ ПУТИН Амбасадата во Берлин има интересна идеја за решавање на војната

Мељник рече дека има впечаток оти рускиот претседател Владимир Путин сѐ уште ја почитува Меркел.

1,101

Амбасадорот на Украина во Германија во заминување, Андриј Мељник, смета дека поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би можела да посредува во понатамошниот тек на војната во Украина, јавува Н1.

– Верувам дека г-ѓа Меркел, но само ако сака, во одреден момент од војната, сè уште не, може да одигра одредена улога – рече Мељник.






Тој рече дека има впечаток дека рускиот претседател Владимир Путин сѐ уште ја почитува Меркел.

Некогашната канцеларка Меркел која неодамна се повлече од политиката по децениско водење на земјата се соочува со големи критики во јавноста. Една од нив е дека со самото ицинирање на „Северен тек 2“ таа ја ставила Германија во незавидна положба во војната во Украина, па дури и влијаела на конфликтот. Меѓу другото, се зборуваше и дека Меркел доцна излезе со изјавата да ја осуди војната, туку молчеше во првите месеци.

Јавноста беше разбранувана и од веста дека Меркел годинава беше ограбена среде бел ден во центарот на Берлин, во супермаркет близу главниот плоштад Александерплац, кога нејзиниот новачник исчезнал.

фотоизвор: твитер

Меркел е сепак, почитувана фигура во многу кругови. Деновиве беше обзнаено дека ќе ѝ биде доделена наградата на УНЕСКО за нејзиниот придонес во згрижување на над 1,2 милиони бегалци.

„Целото жири беше трогнато од нејзината храбра одлука во 2015 година да прифати повеќе од 1,2 милиони бегалци, особено од Сирија, Ирак, Авганистан и Еритреја“, рече претседателот на жирито и добитник на Нобеловата награда за мир за 2018 година, Денис Муквеге.

Генералниот директор на УНЕСКО, културната организација на Обединетите нации, Одри Азуле, исто така, ја пофали политиката на Меркел во тоа време.

– Отворањето на вратата за оние кои страдаат води кон мир – рече Азуле.

Наградата на УНЕСКО е именувана по поранешниот претседател на Брегот на Слоновата Коска, Феликс Хуфју-Боанџи и се доделува од 1989 година на поединци, организации или институции кои вложиле посебен напор за промовирање, истражување или обезбедување мир.

Не се знае кога Ангела Меркел, канцеларка од 2005 година до крајот на минатата година, ќе ја добие наградата.

Во летото 2015 година, додека бегалците масовно пристигнуваа во Европа, Меркел ги отвори границите на Германија и до денес ги изговори познатите зборови: „Можеме да го направиме тоа“.

Но, на крајот, таа ја промени миграциската политика, бидејќи поддршката за неа се намали, во јавноста, како и кај демохристијаните што ги водеше.

Поврзани содржини