Викендов меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“

„Skopje on Ice 2001“ започнува денеска во 19 часот со настап на четири категории, две натпреварувачки и две интерпретативни. Настанот продолжува утре во 8 часот со останатите шест категории.

266

Викендов на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“.

Љубителите на овој спорт ќе имаат можност да гледаат настапи на 55 натпреварувачи, поделени во вкупно 10 категории, од кои осум во женска и две во машка конкуренција.






И покрај пандемијата со ковид-19, на настанот ќе има и гости од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.

„Skopje on Ice 2001“ започнува денеска во 19 часот со настап на четири категории, две натпреварувачки и две интерпретативни. Настанот продолжува утре во 8 часот со останатите шест категории.

Своите вештини на мразот натпреварувачите ќе ги презентираат во категориите кои се признати од Меѓународната лизгачка федерација (ISU) и во кои се бираат државни прваци.

Настанот ќе се одржува на отворено и во согласност со сите протоколи за заштита од корона вирусот.

Влезот на двата натпреварувачки дена е слободен.

Поврзани содржини