ВИКЕНДОВ ФИНАЛЕ ВО ТУРНИРОТ „БИДИ ШАМПИОН“ Натпревари во мал фудбал и во уличен баскет за деца од 10 до 14 години

18

Во сабота на 28 јуни од почнувајќи од 10 часот, на реконструираното игралиште „Драган Крстев“ во Општина Кисела Вода, ќе се одиграат финалните натпревари во турнирот „Биди шампион“.

– Турнирот започна на 31 мај со серија натпревари во мал фудбал и уличен баскет за деца на возраст од 10 до 14 години, на игралиштата кои ги реконструиравме во изминатиов период. Со донаторски буџет од милион евра, ставивме во функција 20 игралишта, од нив 12 мултифункционални, а 8 детски инклузивни. Турнирот „Биди шампион“ не е само натпреварување, туку и порака дека секој млад човек може да биде шампион во фер игра, другарство и воопшто во животот. Со турнирот „Биди шампион“ сакаме да придонесеме во поттикнувањето на спортот како здрава активност за правилен развој на децата, да креираме тимски дух и работа во тимови, а дополнително и да придонесеме талентираните деца да бидат забележани – велат од Видеолотарија Касинос Австрија.

Поврзани содржини