ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ ВРШИ ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ШКОЛИТЕ И ВО ГРАДИНКИТЕ ВО ЦЕНТАР Потоа ќе следат дезинсекција и дезинфекција

42

Викендов ќе се спроведе дератизација во основните училишта и во градинките во Центар, соопшти Општината по денешната средба на градоначалникот Горан Герасимовски со директорите.

Веднаш потоа ќе следат дезинсекција и дезинфекција на сите училишни и предучилишните објекти. Една дератизација веќе е спроведена пред изборниот процес.






– Ова што денеска го договоривме се реализира согласно усвоените кризни мерки на Општина Центар за справување со потенцијални епидемии, заразни болести и појава на глодари опасни по здравјето, а во рамки на актуелната состојба со сметот – посочи Герасимовски.

Планот, освен дератизација, предвидува темелна дезинфекција и дезинсекција на сите простории каде се учи и престојува, вклучувајќи подови, ѕидови и мебел. Ќе се користат сертифицирани и безбедни препарати, согласно упатствата и стандардите за заштита на здравјето на децата и вработените.

Активностите за чистење на воспитно-образовните установи се преземаат во рамки на заштита на здравјето и безбедноста на децата и персоналот, особено во услови на еколошки и здравствени предизвици и појава на глодари.

Герасимовски истакна дека општината ќе продолжи со редовно следење на состојбата и континуирана соработка со директорите, со цел да се обезбедат хигиенски услови во средини каде престојуваат вработените и децата.

 

Поврзани содржини