ВИКЕНДОВ 131 ВОЗАЧ ПАДНАЛ НА АЛКОТЕСТ Без возачка дозвола возеле 253 лица, а 679 возеле пребрзо

Евидентирани се и 348 прекршоци по основ на непрописно паркирање, 192 лица некористеле сигурносен појас, 58 возачи на моторцикли не користеле заштитен шлем, 68 возачи говореле на мобилен телефон, 15 минале на црвено светло, а прекршочно биле казнети и 11 пешаци.

191

Во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (14, 15 и 16 март) полициските службеници изрекле вкупно 2.391 платни налози низ целата земја.

Без возачка дозвола биле затекнати 253 возачи, 131 возач возеле под дејство на алкохол, а 679 управувале возило со непрописна брзина. Евидентирани се и 348 прекршоци по основ на непрописно паркирање, 192 лица некористеле сигурносен појас, 58 возачи на моторцикли не користеле заштитен шлем, 68 возачи говореле на мобилен телефон, 15 минале на црвено светло, а прекршочно биле казнети и 11 пешаци.






За првата половина од овој месец – заклучно со податоците од 16 март, од сообраќај вкупно биле отстранети 1.154 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 487 возачи паднале на алкотест, додека 2.790 возачи добиле прекршочни казни поради прекорачување на пропишаната брзина на движење.

Од вкупниот број издадени платни налози кој иизнесува 11.750, 925 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 473 – за говорење на мобилен телефон при возење, а казнети се и 324 пешаци. 2.591 прекршочни пријави се однесуваат на неправилното паркирање, а поради техничка неисправност од сообраќај биле отстранети 97 возила, како и уште 278 возила кои што биле нерегистрирани.

Поврзани содржини