Викенд без ДДВ за сите граѓани, за текстилните компании дигитална платформа

Со оваа мерка, како што рече, Спасовски се очекуваат дополнителни приходи од 20 милиони евра за бизнисите.

5,737

Премиерот Оливер Спасовски денеска во рамки на третиот пакет економски мерки во рамки на мерката за зголемување на потрошувачката  преку каој се помагаат и бизнисите најави за сите грсаѓани викенд на пазарење без ДДВ.

– Преку поевтини цени за граѓаните, поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги – рече Спасовски.






Со оваа мерка, како што рече, Спасовски се очекуваат дополнителни приходи од 20 милиони евра за бизнисите.

Спасовски најави и дигитална платформа за нови пазари за текстилните компании

-Со финансиска поддршка од 1 милион евра ќе им помогнеме на овие индустрии да креираат платформа на која ќе може да ги пласираат своите производи на нови пазари – рече Спасовски.

Поврзани содржини