Виена: Ковид-19 до „плафон“ ја крена цената на кокаинот
Австриската полиција уапсила уличен дилер, државјанин на Србија, и притоа дошла до „интересни информации“.
Во главниот град на Австрија, Виена, поради пандемијата од коронавирусот, како и поради мерките за ограничувањето на движењето доведе до значително зголемување на цената на наркотичните средства.
Австриската полиција уапсила уличен дилер, државјанин на Србија, и притоа дошла до „интересни информации“.
Полицискиот портпарол Пол Ајденбергер истакнал дека дилерот бил уапсен додека им продавал наркотици на двајца свои „клиенти“.
Против двајцата зависници од наркотици поднесена е пријава, а 44 годишниот српски државјанин е уапсен, но тие сега се соочуваат и со уште една пријава поради прекршување на законот за непочитување на мерките против Ковид–19.
За време на претресот на станот во кој престојувал дилерот полицијата пронашла 18 грама кокаин и повеќе илјади евра.
Интересно е тоа што при акцијата полициските службеници дошле до информација дека на еден од неговите „клиенти“ му биле продадени пет грама кокаин за 330 евра, а на друг за 5,6 грама му биле наплатени 260 евра.
Имено, претходно за еден грам кокаин на улиците во Виена се плаќало околу 20 евра.
Бидејќи периодов речиси и да нема луѓе на улиците ризикот на дилерите е значително зголемен, затоа што сега се позабележливи и покрај тоа што продажбата на наркотици однапред е договорена преку телефон.
Исто така причина за покачувањето на цената се и затворените граници што предизвикува недостаток од наркотици на улиците, а бидејќи побарувачката останала иста, понудата значително се намалила, што доведе до „небо“ расте цената.