ВИЕ МЕНЕ, БАТЕРИЈА ОД 20.000 ЕВРА! Финец со динамит ја разнесе својата „Тесла“ (ВИДЕО)
Дваесет и шестгодишниот Финец Тумас Катаинен употребил 30 килограми динамит за да го разнесе својот модел. Тој во возилото ставил и кукла која наликувала на сопственикот на „Тесла“, Илон Маск.
Незадоволен сопственик на „Tesla model S“ од 2013 година решил да го разнесе својот автомобил со експлозив поради тоа што му побарале 20.000 евра за нова батерија. Подготовката и експлозијата се снимени и објавени на Јутјуб.
Дваесет и шестгодишниот Финец Тумас Катаинен употребил 30 килограми динамит за да го разнесе својот модел. Тој во возилото ставил и кукла која наликувала на сопственикот на „Тесла“, Илон Маск.
„Тесла“ веќе доби бројни поплаки за трошоците за замена на батеријата. Независни сервиси нудат замена за батеријата за четири пати пониска цена.
Гаранцијата на „Тесла“ покрива замена на батеријата ако нејзиниот капацитет падне под 70 отсто по поминати 240.000 километри или во рок од осум години од купувањето. Сопствениците на модели кои веќе не спаѓаат во таа категорија сега се соочуваат со многу високи сметки за поправка на батериите, бидејќи поради тоа драстично опаѓа опсегот на нивните возила.
Тумас вели дека бил исклучително задоволен од првите 1.500 километри, но дека потоа настанала грешка во батеријата. По околу еден месец откако возилото било задржано во овластениот сервис, му било кажано дека нема друг избор освен да ја замени батеријата која ќе го чини најмалку 20.000 евра.
– Им реков дека ќе го разнесам автомобилот бидејќи не е под гаранција или нешто слично – вели тој.