ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГОРД ПОДДРЖУВАЧ НА ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО МАКЕДОНИЈА Настан кој ги слави елеганцијата и уметноста
За нас, Виенскиот бал не е само настан, туку е платформа каде се спојуваат елеганцијата, младоста, уметноста и традицијата во совршен спој. Со поддршката на овој значаен културен настан, ја реафирмираме нашата посветеност кон вредностите кои ги негува културата, порачуваат од компанијата.
Видеолотарија Касинос Австрија и годинава е поддржувач на Виенскиот бал во Македонија, настан кој ги слави елеганцијата, културната традиција и уметноста.
Во соопштение до јавноста компанијата вели дека поддршката на културните настани е важен дел од заложбите на Видеолотарија Касинос Австрија за развојот и промоција на културата, младите таленти и интернационалната соработка.
„Виенскиот бал е симбол на елеганција, достоинство, отменост, поврзување и хуманост, а Видеолотарија Касинос Австрија го препозна и го поддржа неговото значење за македонската културна сцена. За нас, Виенскиот бал не е само настан, туку е платформа каде се спојуваат елеганцијата, младоста, уметноста и традицијата во совршен спој. Со поддршката на овој значаен културен настан, ја реафирмираме нашата посветеност кон вредностите кои ги негува културата“, порачуваат од компанијата.
Настанот кој традиционално се одржува под покровителство на Амбасадата на Република Австрија во земјава, Градот Виена, Министерството за култура и туризам, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус, годинава се одржа по 24-ти пат во хотелот „Александар Палас“.
И ова издание на балот имаше хуманитарен карактер, годинашните донации беа наменети за настраданите од пожарот во ноќниот клуб во Кочани.
„Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина, ќе продолжи да ги негува и да вложува во вредностите кои го збогатуваат општеството и културниот развој на Македонија“, се вели во написот.