ВИДЕОЛОТАРИЈА И ГОДИНАВА СПОНЗОР НА ХРИСТИЈАН БУЗАЛКОВСКИ Ќе учествува во Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам
Видеолотарија Касинос Австрија ја продложува соработката со македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружението Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ TEAM Скопје. Со најновото спонзорство, ќе се овозможи учество на Бузалковски на ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.
– Благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за поддршката која ми ја даваат веќе неколку години. Ова спонзорство ќе ми овозможи да се натпреварувам на ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата Супер сток 1.000цц. Покрај ова натпреварување, ќе учествуваме и во светскиот Ендуранс шампионат, 24хч Ле Манс, која важи за најтешка трка по издржливост. Очекуваме сериозен успех – изјави македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски.
Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.
– Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари – велат од Видеолотарија.