(ВИДЕО) ВУЛКАНОТ МАЈОН ИСФРЛИ ЛАВА 12.800 селани биле преместени во центри за сместување

Мајон е на околу 330 километри југоисточно од Манила и се смета за еден од најактивните вулкани на Филипините

58

Илјадници луѓе се евакуирани откако вулканот Мајон на Филипините почна да исфрла пепел и отровни гасови. Сеизмолозите соопштија дека во последните 24 часа е забележан најмалку еден земјотрес поради активноста на вулканот.

Филипинската цивилна одбрана соопшти дека повеќе од 12.800 луѓе, главно селани од базата на вулканот, биле преместени во центрите за сместување. Мајон е на околу 330 километри југоисточно од Манила и се смета за еден од најактивните вулкани на Филипините.

 






 

Земјотресите и вулканската активност се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат во таканаречениот Огнен прстен на Пацификот каде што се судираат тектонските плочи.

Поврзани содржини