(ВИДЕО) ВОДАТА НОСЕШЕ КАМЕЊА, ДРВЈА И ОТПАД Кавадарци синоќа се бореше со водената стихија

Кавадарци и околината синоќа бе погодени од силно невреме.

2,793

Силно невреме со пороен дожд и грмежи синоќа ги зафати Кавадарци и околината.

Очевидци велат дека за кусо време, улиците на градот се претворија во поројни реки кои носат камења, дрва и секаков отпад.






Поплавени се 10 објекти, најмногу подруми.

Од синоќа се излезени екипи на ЈП „Комуналец” со механизација од три скипови, два камиона, три трактори и 20  работници. Се расчистува наносот, наталожените решетки и сливници и со три цистерни се перат улиците од калта. Исто со свои екипи учествуваат и ТППЕ Кавадарци, кои помагаат во перењето на улиците и испумпувањето на водата од поплавените простории.

Граѓани споделија  снимки од невремето на социјалните мрежи.

Поврзани содржини