(ВИДЕО) ВИКАА „КОСОВО Е СРБИЈА“ ПА СИ ДОБИЈА ЌОТЕК Романски навивачи предизвикаа инцидент во Приштина и беа исфрлени од стадион

Инаку познато е дека Романија не ја признава државата Косово, Романците се солидарни со Србите околу Косово.

813

Голем инцидент вчера се случи на стадионот “Фадиљ Вокри“ во Приштина на натпреварот Косово – Романија 0:0.

Имено во текот на мечот, гостинските фанови почнаа да извикуваат – „Косово е Србија, вие сте измислена држава“. Секако дека не си минаа добро, прво ги претепаа а потоа и ги исфрлија од стадионот.






За овој свој збор ќе даде и УЕФА, бидејќи на фудбалските натпревари забранети се политички пароли.

Инаку познато е дека Романија не ја признава државата Косово, Романците се солидарни со Србите околу Косово.

Поврзани содржини