(ВИДЕО) ВИДОВТЕ КОЛКУ Е ЛЕСНО ДА СЕ ОКУПИРААТ РУСКИТЕ ГРАДОВИ? Зеленски бара авиони и оружје од западните партнери

Денес светот може да види дека господарите на Русија не контролираат ништо. Воопшто ништо. Едноставно, целосен хаос. Отсуство на каква било предвидливост, рече украинскиот претседател во своето видео обраќање.

1,913

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање се осврна на актуелните настани во Русија.

Тој рече дека оваа ситуација покажува дека Русија е во целосен хаос и му порача на Западот дека сега е добро време да испрати оружје во Украина.






Зеленски оцени дека бунтот на платеничките трупи на Вагнер во Русија го разоткри целосниот хаос во земјата.

– Денес светот може да види дека господарите на Русија не контролираат ништо. Воопшто ништо. Едноставно, целосен хаос. Отсуство на каква било предвидливост – рече Зеленски во своето видео обраќање.

Тој потенцираше дека Украинците нема да молчат, нема да останат неактивни и дека „безбедноста на источното крило на Европа зависи исклучиво од нашата одбрана“.

Обраќајќи му се на Путин, Зеленски рече: „Колку подолго вашите војници ќе останат на украинска територија, толку повеќе ќе ѝ донесат уништување на Русија“.

– Тој знае од што се плаши бидејќи сам ја создаде оваа закана. Сето зло, сите загуби, сета омраза – тој е оној што ја шири – рече претседателот на Украина.

Зеленски додаде дека „сите руски бандити, платеници и олигарси“ виделе колку е лесно да се „окупираат руските градови“.

Украинскиот претседател уште еднаш ги повика западните партнери да ја поддржат Украина и да ѝ помогнат да ја „заштити Европа“ со авиони и оружје.

Поврзани содржини