(ВИДЕО) ТЕПАЧКА НА НАТПРЕВАР ВО НБА ЛИГАТА Гобер од Минесота удри соиграч

759

Тежок инцидент се случи во натпреварот Минесота – Њу Орлеанс во НБА лигата.

За време на тајмаутот, кон крајот на првото полувреме, трикратниот добитник на наградата за најдобар одбранбен играч во НБА лигата, Французинот Руди Гобер, удри соиграч.






Тој прво почна да се расправа со својот клупски колега Кајл Андерсон, а потоа го нападна и го удри.

Веднаш по инцидентот, Минеаполис соопшти дека Гобер е испратен дома и дека нема да игра до крајот на натпреварот, кој е важен за претстојниот плеј-оф.

Поврзани содржини