(ВИДЕО) „ТЕАТАР НА КОШМАРОТ“ ЗА МАКЕДОНИЈА Англија седумпати ја наполни мрежата на Димитриевски

По три натпревари, Македонија има една победа против Малта и два порази од Украина и Англија. „Гордиот албион“ има максимални 12 бодови во групата Ц.

899

Македонската фудбалска репрезентација го доживеа најголемиот пораз во својата историја откако вечерва загуби со 7-0 на гостувањето кај Англија во рамки на групата Ц од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Тимот целосно потфрли на тешкото гостување на „Олд Трафорд“, бидејќи освен што седум пати ја вадевме топката од мрежата, немавме ниту еден обид да го загрозиме голот на Англичаните.






Оние игри против Германија и Италија, па и пласманот на Европското првенство сега изгледаат како далечно минато, бидејќи македонската фудбалска репрезентација вечерва делуваше на аматерски тим.

На „Гордиот Албион“ му требаше 29 минути да ја пробие нашата одбрана и тоа преку Хери Кејн. Потоа Букајо Сака зголеми на 2-0 со топовски удар под пречката, а пред полувремето Маркус Рашфорд зголеми на 3-0.

Сака комплетираше хет-трик на стартот на вториот дел со головите во 47 и 51 минута. На 6-0 зголеми Калвин Филипс, а точка на натпреварот стави Кејн со гол од пенал во 73 минута.

На првиот денешен натпревар од Ц-групата, Украина ја победи Малта со 1:0.

Англија е прва на табелата со максимални 12 бода од четири средби. Украина е втора со шест бода од три натпревари. Италија е трета со три бода од две средби. По двата јунски пораза, македонската репрезентација падна на четвртата позиција со три бода од три натпревари. Последна е Малта без освоен бод по четири кола.

Следниот натпревар на нашата репрезентација е со Италија во Скопје на 9 септември годинава.

Поврзани содржини