(ВИДЕО) СТРАВИЧНА СООБРАЌАЈКА ВО СЛОВЕНИЈА Во тунел се судрија камион и цистерна

По сударот се запалиле неколку возила, но за среќа во инцидентот нема жртви или потешко повреди, информираат надлежните служби.

454

Во стравичната сообраќајна несреќа што се случила вчера на влезот во тунелот „Малечник“ кај Марибор, камион налетал на цистерна и на колона возила. По сударот се запалиле неколку возила, но за среќа во инцидентот нема жртви или потешко повредени, информираат надлежните служби.

Камионот се движел по обиколницата Марибор во правец кон Австрија и налетал на колона возила кои бавно се движеле.






Тунелот е тешко оштетен, таванот почнал да се урива, а се проценува дека извесно време нема да биде во функција. На теренот имало дури 120 пожарникари кои брзо интервенирале и спречиле поголема штета.

Поврзани содржини