(ВИДЕО) ПРВ ТРАЕКТ БЕЗ ЕКИПАЖ ВО СВЕТОТ Во Стокхолм заплови патнички самоуправувачки ферибот

Фериботот, наречен МФ Естел, е произведен од норвешката технолошка компанија Зеабус.

358

Првиот автономен електричен патнички ферибот во светот заплови неделава во Стокхолм. Фериботот, наречен МФ Естел, е произведен од норвешката технолошка компанија Зеабус  (Zeabus), моментално има екипаж, но од следната година ќе се управува без екипаж,  се вели во соопштението за печатот.

Првиот електричен самоуправувачки траект во прво време ќе сообраќа меѓу островите Седермалм и Кунгшолмен во Стокхолм. Краткото возење со траект, кое се очекува да изврши 120 дневни тури, ќе помогне да се олесни метежот на двете патни правци достапни меѓу овие дестинации.






Сообраќајниот метеж е постојан проблем ширум светот. Решенијата за негово олеснување вклучуваат префрлување на масовен транспорт, како и подземни тунели. За градовите на вода, може да се постави и услуга за траект. Сепак, конвенционалните методи на поморски транспорт емитуваат јаглерод и се во спротивност со глобалните цели за преминување кон почист транспорт.

Норвешката компанија Зеабус, основана во 2019 година е една од водечките во поморската транспортна технологија. Компанијата во соработка со истражувачкиот  центар на Норвешкиот универзитет за наука и технологија (NUST), има цел да ја направи одржлива мобилноста преку вода и исто така да развива автономни решенија за оптимизирање на операците на бродовите.

МФ Естел има електричен погонски систем којшто се напојува со енергија од сончеви панели и може да прими 24 патници. Има самоуправувачка навигација поддржана од најнова технологија. Фазниот пристап ќе му помогне на Зеабус да ја оптимизира потрошувачката на енергија потребна за едно патување.

Стокхолм ќе биде прв тест за компанијата, која има за цел да обезбеди слични опции за патување на патниците во различни градови во светот, како и начин за поврзување помеѓу градовите. Неодамна, Зеабус се здружи со Yinson Green Tech, компанија со седиште во Сингапур за да ја примени својата технологија на електрични пристанишни пловила.

Со оглед на тоа што земјите имаат за цел да ги намалат емисиите на јаглерод од транспортот на долги релации, електрификацијата на поморските бродови добива на значење. Се очекува автоматизираните решенија да помогнат во подобрувањето на ефикасноста на овие пловила.

Поврзани содржини