(ВИДЕО) ПРОГОВОРИ АКТЕРОТ НА КОГО ПЛУГОТ МИ ИСКРШИ 30 КОСКИ Џереми Ренер низ солзи зборува за страшната трагедија

Во видеото актерот не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за несреќата во која се здоби со тешки повреди опасни по живот. Плугот што го прегази за малку не го усмртил, кршејќи повеќе од 30 коски.

230

Во видеото актерот не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за несреќата во која се здоби со тешки повреди опасни по живот. Плугот што го прегази за малку не го усмртил, кршејќи повеќе од 30 коски.

– Се сеќавам на се. Бев буден низ сето тоа – открива актерот Џереми Ренер.






Во своето прво интервју откако го згмечи машина за чистење снег тешка 7 тони, актерот Џереми Ренер вели дека би го направил тоа повторно бидејќи тоа му го спасило животот на неговиот внук.

За време на несреќата во која едвај преживеал, Ренер се здобил со повреди опасни по живот, а 30 коски му биле смачкани. Покрај тоа, тој се здобил со колабирано белодробно крило, скршено ребро и пробиен црн дроб.

Актерот му помагал на својот внук да го извлече автомобилот од длабокиот снег кога се случил инцидентот. Машината наеднаш изгубила контрола и се упатила кон неговиот внук Александар. Ренер се обидел да седне во возилото во обид да го запре, кога одеднаш бил вовлечен под него.

По два месеци терапија, Џереми Ренер во своето прво интервју по несреќата раскажа на кобниот момент.

„Таа одеше директно кон мојот внук. Повторно би го направил тоа“, рекол актерот.

Неговиот внук признал дека мислел дека Ренер е мртов.

„Го гледав во локва крв што му се излева од главата. Истрчав кон него, не мислев дека е жив“.

 

Поврзани содржини