(ВИДЕО) ПОРАДИ „БРАКО“ СЕ ВРАТИ ДОМА За физичарот Никола Маркоски предизвик бил да работи на електрично возило

За серијалот „Успешни приказни“ на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, Маркоски раскажува за образованието стекнато на престижни европски универзитети и институти, како и за поривот тоа знаење да го примени токму во „Брако“ и во родната земја.

533

Никола Маркоски, директор за развој во „Брако“, е физичар, кој своето образование на полето на апликативната физика го стекнал на универзитети во Москва и во Минхен, како и со работење како истражувач на реномираниот минхенски институт „Max Planck“.

За серијалот „Успешни приказни“ на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, Маркоски раскажува за образованието стекнато на престижни европски универзитети и институти, како и за поривот тоа знаење да го примени токму во „Брако“ и во родната земја.






– Во „Брако“ раководи со тим од 12 инженери, кои се задолжени за развој на новите модели на возилата за одржување хигиена во урбани средини од линијата Грин машинс. Токму предизвикот едно од возилата на погон на дизел да се развие во електрично возило беше пресуден Маркоски да се одлучи професионалната кариера да ја гради во „Брако“, како и да придонесува за развој на фабриката и на македонското општество – велат од компанијата.

Предизвикот за работа во „Брако“ е уште поголем, ако се знае дека производите се извезуваат во 50 земји на сите континенти, а главна конкуренција се компании од најразвиените земји.

Поврзани содржини