(ВИДЕО) ПЕКИНГ СE „ИЗГУБИ“ ВО ПЕСОЧНА БУРА Воздухот е полн со ПМ10 честички

Индексот на квалитетот на воздухот во Пекинг денеска изутрина сè уште беше околу 900, со екстремно високи концентрации на честички ПМ10 и облак од прашина над главниот град кој подоцна го растераа ветровите.

263

Песочна бура го зафати главниот град на Кина, Пекинг и другите провинции на северот на земјата. Погодени се околу 409 милиони луѓе, соопшти кинеското Министерство за шумарство, а пренесува весникот „Глобал Тајмс“.

Индексот на квалитетот на воздухот во Пекинг ја премина горната граница и синоќа достигна ниво од 1.300, при што нивото од 150 веќе се смета за „нездраво“.

 






 

Невремето ја намали видливоста на неколку десетици метри. Песочната бура дојде од јужна Монголија и, освен Пекинг, ги зафати и другите северни кинески провинции, вклучително и Внатрешна Монголија, Хеилонгџијанг и Ксинџијанг, соопшти Министерството. Бурата зафатила површина од 2,29 милиони квадратни километри.

Метеоролошкиот центар соопшти дека северниот дел на Кина годинава веќе се соочи со повеќе песочни бури од просекот забележан во изминатите десет години. Индексот на квалитетот на воздухот во Пекинг денеска изутрина сè уште беше околу 900, со екстремно високи концентрации на честички ПМ10 и облак од прашина над главниот град кој подоцна го растераа ветровите.

Поврзани содржини