ВИДЕО ОД РУШЕЊЕТО НА 79-МЕТАРСКИОТ СПОМЕНИК Летонија се збогуваше со советското наследство
Секоја година, илјадници Руси, кои сочинуваат околу 30 отсто од населението на Летонија, се собираа пред споменикот на 9 мај за да ја одбележат победата во 1945 година. Од друга страна, повеќето Летонци го гледаат тој датум како почеток на речиси 50-годишната советска окупација која заврши во 1991 година.
Еден од највисоките советски споменици воопшто, 79-метарскиот кип во Рига, главниот град на Летонија беше срушен под изговор дека станал собиралиште на приврзаниците на Кремљ. Еве како изгледаше големиот пад:
Latvia said goodbye to the Soviet Union today.
The time for full decommunization across Central Eastern Europe has finally come. pic.twitter.com/l1UHowRRlP
— Visegrád 24 (@visegrad24) August 25, 2022
Секоја година, илјадници Руси, кои сочинуваат околу 30 отсто од населението на Летонија, се собираа пред споменикот на 9 мај за да ја одбележат победата во 1945 година. Од друга страна, повеќето Летонци го гледаат тој датум како почеток на речиси 50-годишната советска окупација која заврши во 1991 година.
Речиси сите споменици и плочи од советската ера, освен оние на воените гробишта во Летонија, беа отстранети во 1991 година, а споменикот во Рига досега беше заштитен со договор од 1994 година меѓу Република Летонија и Руската Федерација.
Споменикот бил поставен меѓу 1979 и 1985 во сеќавање на победата на советската армија над нацистичка Германија.