(ВИДЕО) ОБОЖАВАТЕЛИТЕ ГО ОТКРИЈА ТРИКОТ НА ПЕЈАЧКАТА Како Тејлор Свифт успеа да скокне и да заплива под сцената

Пејачката Тејлор Свифт ги шокираше своите обожаватели кога на концерт во склоп на новата турнеја „The Eras“ скокна од сцената и „заплива“ под неа.

325

Пејачката Тејлор Свифт ги шокираше своите обожаватели кога на концерт во склоп на новата турнеја „The Eras“ скокна од сцената и „заплива“ под неа.

 







Снимките станаа вирален хит, а скокот е најисчекуваниот момент на нејзините концерти. Обожавателите не престануваа со нагаѓањата за тоа како познатата пејачка успеала да го изведе овој трик.

 


Тие се прашуваа на што точно скока Тејлор кога „исчезнува“ од сцената, а најчесто се споменуваше трамбулина. Но, кога на социјалните мрежи се појави видео од друг агол, нештата станаа појасни.

 


Благодарение на снимката, обожавателите на Свифт открија дека во отворот на сцената се наоѓа вреќа која се дува кога ќе се отвори вратата. Кога вреќата ќе се наполни до крај, се појавува зелено светло кое ѝ дава знак на пејачката да скокне во точниот момент, а останатото е историја.

Поврзани содржини