(ВИДЕО) ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕРОТ ЗА ФИЛМОТ „БАРБИ“ На екипата ѝ се придружија Дуа Липа и Хелен Мирен

Играниот филм „Барби“ во режија на Грета Гервиг излегува летово, а на нивната официјална страница на Твитер објавија низа постери на барбики во различни улоги, меѓу кои пејачката Дуа Липа (27) и актерката Марго Роби (32), која всушност и ја игра главната улога.

491

Дуа Липа се најде во улога на сирена Барби, а на постерот со култното лого на оваа позната кукла позираше со долга небесно сина коса и во костими за капење во истата боја.

Гласините дека пејачката ќе учествува во овој проект започнаа кога ја заследи официјалниот инстаграм профил на филмот „Барби“.

View this post on Instagram

A post shared by BARBIE (@barbiethemovie)

Исто така, објавени се постерите со главните улоги на Барби и Кен во кои ќе ги видиме Маргот Роби и Рајан Гослинг (42), а објавен е и трејлерот.

На профилот беа објавени вкупно 24 постери, а во верзиите на Барби и Кен ќе ги видиме и актерката Иса Рае, Кејт Мекинон, Нкутија Гатва, Никола Кофлан, Александра Шип, Рита Арја, Ема Меки, Хелен Мирен и Ана Круз Кејн.

„Барби“, филмот за куклата која ја произведува познатиот производител на кукли „Мател“, излегува на 21 јули 2023 година.

Поврзани содржини