(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, УРАГАНОТ „ЛАНСИРАШЕ“ КАУЧ НА НЕБОТО НАД АНКАРА!? Ветрот дувал со брзина од 145 километри на час!

„Летечкиот кауч“, не можеше да помине без бројни коментатори на Твитер: „Дали е тоа птица, дали е тоа авион – не, тоа е кауч!“ се пошегува еден твитерџија, парафразирајќи ја легендарната фраза од „Супермен“.

558

Главниот град на Турција Анкара вчера беше погоден од силен ураган, кој уништи голем дел од градската инфраструктура. Уништени се минариња, покриви, згради, а еден граѓанин снимил неверојатна сцена, која навистина го илустрира размерот на катастрофата. На небото над Анкара во еден момент полета и кауч!

Летечкиот кауч“ не можеше да помине без бројни коментари на Твитер.






Ова не се случува!“ – зачудено изјави еден.

Кутри луѓе…“ – напиша друг.

Дали е тоа птица? Дали е тоа авион? Не, тоа е кауч!“ – се пошегува трет.

Засега не е познато дали има повредени, а штетата од ураганот сè уште се пресметува.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, брзината на ветерот изнесувала и до 145 километри на час. На терен имало дури 1.221 возило на градската служба и 2.565 вработени, кои континуирано интервенирале во отстранување на последиците од разорниот ураган. Како што соопшти градоначалникот на Анкара, отворена е и специјална линија за помош на граѓаните.

 

 

 

 

Поврзани содржини