(ВИДЕО) НЕМА КРАЈ НА АПОКАЛИПТИЧНИТЕ СЦЕНИ ОД СЛОВЕНИЈА Поројните дождови ќе продолжат до понеделник
Во изминатите 12 часа ситуацијата беше полоша од сите предвидувања. На некои места паднаа 200 литри вода на квадратен метар, што е рекорд откако се прават мерењата. Поројните дождови уште не се завршени, изјави утрово метеорологот Бранко Грегорчич, додавајќи дека времето ќе почне да се подобрува в понеделник.
Стравувањата дека Словенија уште е на удар на страшно невреме не стивнува ни денеска, по вчерашниот апокалиптичен ден. Многу реки во централна, северна и источна Словенија се уште се поплавуваат, а денеска се очекува да се покачи водостојот и на реките во јужна Словенија.
– Во изминатите 12 часа ситуацијата беше полоша од сите предвидувања. На некои места паднаа 200 литри вода на квадратен метар, што е рекорд откако се прават мерењата. Поројните дождови уште не се завршени – изјави утрово метеорологот Бранко Грегорчич, додавајќи дека времето ќе почне да се подобрува в понеделник.
Хидрологот Јанез Полајнар ги предупреди граѓаните дека врвот на излевање на реките се очекува во наредните неколку часа. Според него, ситуацијата треба да почне да се смирува утре во попладневните и во вечерните часови.
– Во најголемиот дел од денот можеме да очекуваме реките да се излеваат. Утрово, максималниот проток на Сава беше меѓу 3.600 и 3.900 кубни метри во секунда. Ситуацијата со реките би требала да почне да се смирува утре – изјави хидрологот Јанез Полајнар.
Во Целје, каде надојдената река Савиња вчера се закануваше со големи поплави, се намалува. Водостојот на реката е намален за два метри во однос на највисокиот водостој од петокот, соопшти општина Цеље. Откако вчера беа евакуирани околу 4.000 граѓани, жителите на Оток и Стариот град сега можат да се вратат во своите домови.
Škofja Loka pic.twitter.com/2f6IZ4lDri
— Robert Balen (@robert_balen) August 4, 2023
A lot destroyed in the floods in Slovenia #Flood #Floodwater #Poplave #Slovenia pic.twitter.com/goTMN4jvT5
— WarMonitoreu (@WarMonitoreu) August 5, 2023