(ВИДЕО) МОСКВА ГОРИ, ГУСТ ЧАД НАД ГРАДОТ! Шест лица се спасени во пожарот во главниот град на Русија
Од зградата се спасени шест лица. Нема извештаи за жртви“, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
Шест лица се спасени од зграда во изградба во центарот на Москва, каде што избувна пожар, изјави за новинарите прес-службата на главната канцеларија на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација.
Според агенцијата, порака за пожар на градилиште во еднокатна зграда во изградба, лоцирана спроти куќата 14 на улицата Новошушчевскаја, била примена во 21:40 часот.
„Од зградата се спасени шест лица. Нема извештаи за жртви“, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
Додаваат дека пожарот веќе се гаси.
Како што јавува дописникот на Киев Индепендент Игор Сушко на Твитер, пожарот се наоѓа на 2 километри од Кремљ.
– Во близина на метро станиците Новослободскаја и Менделеевскаја, на околу 2 километри од Кремљ. Се чини дека тесните улички може да бидат недостапни за противпожарни возила. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот на целиот терен на стадионот – напиша Сушко на Твитер.
Massive fire in downtown Moscow, Russia. pic.twitter.com/H9xCK6qFSd
— Igor Sushko (@igorsushko) June 19, 2023