(ВИДЕО) ЛЕТАА ТУПАНИЦИ И КЛОЦИ ВО КОСОВСКИОТ ПАРЛАМЕНТ! Пратениците се испотепаа за време на говорот на Курти

Претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца наредил да интервенира полицијата.

1,763

Голема тепачка се случи утрово во Собранието на Косово каде за време на говорот на премиерот Албин Курти пратениците од опозицијата, прво со вода го полија премиерот, а потоа министрите се вклучија во масовна физичка пресметка со пратениците на ПДК.

Тепачката изби во моментот кога Курти кажуваше дека потерницата за Милан Радојчиќ е повлечена од Владата на 19 февруари 2021 година, пет дена по изборите.






Курти потоа беше нападнат со вода од пратеникот на ПДК Мергим Луштаку, додека вицепремиерот Бесник Бислими потоа го удри Луштаку со шише. После тоа пратеници и министри на ПДК беа вклучени во масовни тепања.

Претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца наредил да интервенира полицијата.

 

Поврзани содржини