(ФОТО+ВИДЕО) ЛЕКАРИТЕ НЕ ВЕРУВАА, МИСЛЕА ДЕКА ЌЕ УМРЕ Мадона ја започна славеничката турнеја, невиден спектакл на поп кралицата
Легендарната пејачка синоќа во лондонската арена 02 ја започна славеничката турнеја која ја одложи пред четири месеци поради здравствени проблеми
Кралицата на поп музиката Мадона (65) викендов ја започна својата турнеја „Селебрејшн“ (Celebration) со концет во саботата во главниот град на Велика Британија, Лондон.
Обожавателите ќе имаат можност да ги слушнат најголемите хитови на кралицата на попот.
View this post on Instagram
Светската музичка ѕвезда се врати на сцената по сериозните здравствени приблеми предизвикани од инфекција и повторно го одушеви обожавателите.
View this post on Instagram
Мегапопуларната Мадона мораше да помести дел од термините на концертите кои веќе беа закажани, поради сериозните здравствени проблеми што ги имаше.
Неодамна беше хоспитализирана, кога поради бактериска инфекција заврши на интензивна нега.
– Навистина сум изненаден што стасав до тука. И мислам на тоа на толку многу нивоа – им порача пејачката на одушевените обожаватели, кои до последно место ја исполнија лондонската О2 арена.
View this post on Instagram
Пред само четири месеци Мадона беше на интензивна нега, интубирана поради бактериска инфекција. Пејачката откри дека лекарите тогаш и рекле на нејзиното семејство да се подготви за најлошото.
„Не мислев дека ќе успеам, а ниту моите лекари. Се разбудив, а децата беа до мене. Заборавив пет дена од мојот живот, односно мојата смрт, навистина не знам каде бев, но ангелите ме заштитија, а моите деца беа таму и моите деца секогаш ме спасуваат, секој пат“, рече пејачката.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм