(ВИДЕО) ИГРА НА ПРЕСТОЛИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ, АМА ВО МИНАТОТО? Се најавува продолжение на мегапопуларната тв-серија

Новата серија „Витез на седумте кралства“ ќе се фокусира на млад таргаријански витез кој живеел во Вестерос околу 100 години пред настаните во „Игра на престолите“.

292

Ејч-би-о најави возбудливи планови кои ќе ги израдуваат обожавателите на „Игра на престолите“. Се работи на нова серија со приказна сместена во времето пред настаните во популарната серија – пишува Инсајдер.

Насловена „Витез на седумте кралства“ (A knight of the seven kigndoms), серијата ќе се фокусира на млад таргаријански витез кој живеел во Вестерос околу 100 години пред настаните во „Игра на престолите“. Сценариото ќе биде напишано од Џорџ Р. Р. Мартин, авторот на книгата која е инспирација за популарната серија, заедно со Ира Паркер. Паркер работела на сценариото за првата сезона на „Куќата на змејот“.






– Еден век пред настаните од „Игра на престолите“, двајца необични херои талкаа во Вестерос – еден млад наивен, но храбар витез, сер Данкан Високиот, и неговиот минијатурен помошник, Ег. Дејствието е сместено во време кога семејството Таргариен сè уште е на Железниот престол, а сеќавањето на последниот змеј сè уште е свежо. Големи судбини, моќни непријатели и опасни подвизи ги чекаат овие пријатели – се вели во најавата.

Поврзани содржини