(ВИДЕО) ЌЕРКАТА НА ОЛИВИЈА ЊУТОН ЏОН ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ Клои страда од губење на меморијата, тешко станува од кревет

Ќерката на покојната пејачка и актерка Оливија Њутн-Џон, Клои Латанзи (37) откри дека страда од губење на меморијата откако минатата година почина нејзината мајка.

366

Ќерката на покојната пејачка и актерка Оливија Њутн-Џон, Клои Латанзи (37) откри дека страда од губење на меморијата откако минатата година почина нејзината мајка.

– Јас не сум добро. Страдам од губење на меморијата и тешко станувам од кревет. Се запоставував самата себе – објаснила таа во видео на Инстаграм.

 







Таа го најави заминувањето од социјалните мрежи, но откри и што претходно и порачала нејзината мајка.

– Една од најголемите пораки на мајка ми беше дека треба да се грижиш за себе. Значи, ќе исчезнам околу три недели бидејќи ми се појавуваат здравствени проблеми во умот и телото – рекла Клои и им се извинила на семејството и пријателите што не исполнила некои обврски.

– Се радувам на враќањето на силата. Се гледаме на прошетка! – додала таа, осврнувајќи се на годишниот настан на нејзината мајка „Walk for Wellness“, кој по десетти пат овој октомври ќе се одржи во Мелбурн.  Целта на настанот е да се соберат средства за нејзината фондација за истражување на рак и други малигни болести.

 


Да потсетиме, Оливија Њутн почина на 73-годишна возраст во својот дом во Санта Инез, Калифорнија, во август минатата година, по повеќе од 20 години борба со ракот на дојката.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини