Денеска дошло до инцидент на прес-конференцијата т на Независниот синдикат на полицијата, при што претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев Тодев бил нападнат од новинарката Александар Дуковска.
Како што се забележува од објавите на социјалните мрежи, Дуковска го напаѓа и удира Делчев, кој бега и се трга од неа, без да сака да ѝ возврати. Таа притоа мавта кон него со новинарската акредитација.
По инцидентот претседателот на независниот синдикат на полицијата реагираше со статус на Фејсбук:
„Додека во цел свет НОВИНАРИТЕ се тие што се напаѓани, во Макдеонија агресивна новинарка го нападна претседателот на независниот синдикат на полицијата. Го губи ли некој трпението и со физички напад се обидува да го заплашат независното синдикално постоење“, напиша Делчев.
видео: ТВ 24