(ВИДЕО) ДИМИТРИЕВСКИ НАЈАВИ ПРОМОЦИЈА НА „ЗНАМ“ Да се ставиме сите во служба на Македонија и на нашиот народ
Актуелниот градоначалник на Општина Куманово и идејниот творец на граѓанското движење Максим Димитриевски, ги покани поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на настанот по повод Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
„Придружете ни се, да се ставиме сите во служба на Македонија и на нашиот народ“, порача Димириевски.
На настанот се предвидени обраќања на говорници, како и потпишување на Иницијативата од страна на претставници на сите 10 граѓански здруженија од Македонија, заедно со идејниот творец на граѓанското движење, Максим Димитриевски.
Промоцијата е на 9 октомври во 20 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.