(ВИДЕО) БРИТАНЕЦ САКАШЕ ДА ОТВОРИ ВРАТА ВО АВИОН ВО ЗАДАР Туристот имал психијатриски проблеми
Младиот британски боксер бил под дејство на наркотици кога се случил инцидентот, а освен што нападнал двајца полицијци, на пат кон болницата пробал и да се повреди себеси. Неговиот татко и неговата девојка се многу загрижени за него.
Во притвор е 27-годишниот Британец кој насилно се обиде да ја отвори авионската врата на лет на Рајанер од Задар, уште додека авионот не бил полетна. Тој цело време ѝ пружал отпор на полицијата, а според најновите информации се работи за боксер кој бил под дејство на наркотици. Поради расеаната состојба на крајот бил пренесен во болница.
Додека го возеле во службеното возило тој пробал да се повреди себеси.
@officialgeorgeyboy1 #fyp #foryourpage #foryou ♬ original sound – TheOfficialGeorgeyboy
Како што неофицијално дознава Ер-Те-Ел, Британецот не комуницирал со адвокатот, па можно е судијата повторно да го испрати на психијатрија. Неговата девојка и татко пристигнале во Хрватска и се многу загрижени.
Младиот човек, кој според тамошните медиуми бил под дејство на наркотици, најпрвин почнал да вика нешто, по што поминал покрај стјуардесата и истрчал кон вратата, но двајца патници скокнале врз него и успеале да го соборат на подот.
Полицијата наведува дека Британецот за време на неговото лекување и пред судот цело време активно се спротивставувал, поради што против него биле употребени и присилни мерки.