(ВИДЕО) АКО ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД ВОЗИЛО, МОЖАМ ДА ВИ СРЕДАМ ПРЕКУ ПРИЈАТЕЛИ Вицепремиерот Груби го покажа својот автомобил од 1.000 евра
Ако вие имате потреба, јас ќе се обидам да ви помогнам преку мои пријатели да си земете возило за ваши приватни потребни, затоа што сте ми мил и драг и да ви излезам во пресрет како што мене ми излагаат во пресрет, му порача вицепремиерот Артан Груби на новинарот на Алфа ТВ.
Првиот вицепремиер Артан Груби пред камерата на Алфа телевизија го покажа автомобилот кој го има наведено во анкетниот лист.
– На мое име е, но ја вози татко ми – вели Груби во разговор со новинарот.
Тој дури и му понуди и помош на новинарот за купување на половни возила од негови пријатели.
– Ако вие имате потреба, јас ќе се обидам да ви помогнам преку мои пријатели да си земете возило за ваши приватни потребни, затоа што сте ми мил и драг и да ви излезам во пресрет како што мене ми излагаат во пресрет – додаде Груби.
Во продолжение, погледнете го видеото: