(ВИДЕО) ЈА ВИДОВ СМРТТА, А ТОЈ МИ БЕШЕ СЛАМКАТА ЗА СПАС Непознат херој вчера спаси жена во бурата во Хрватска

Го видов тоа младо момче пред мене. Кога некој би ставил пет мажи пред мене и ми каже да се обидам да го препознаам мојот спасител, јас не би го препознала поради количината на шокот што го доживеав. Верувајте ми, ја видов смртта и тој ми беше спасот. Фала му на небото, се исповеда Снежана за хрватскиот портал 24сата.

1,790

Сè уште има несебични луѓе во светот кои се навистина подготвени да излезат од својата комфорна зона и да помогнат на непозната личност. Ветрот буквално му ги кинеше алиштата, но тој беше упорен. Човекот направи нешто за што навистина немам зборови. Илјада благодарности и до него и до мојот сосед, раскажала за хрватскиот портал 24сата Снежана Фајфар од Средњак за својата „средба со смртта“.

Таа, како и многу други загрепчани, долго ќе се сеќава на силното невреме што вчера го опустоши главниот град, но и десетина жупании во Хрватска. Таа во средата околу 16 часот се враќала од работа. Паркирала недалеку од влезот на зградата и проценила дека без разлика на силниот ветер и дожд ќе успее безбедно да стигне до влезот.






– Како што се приближував до знакот ми стануваше сè потешко да одам, а на крајот не можев ни да се движам. Околу мене летаа гранки, дрва паѓаа, навистина изгледаше катаклизмично. Го фатив знакот мислејќи дека тука ќе застанам малку и ќе почекам да се смири ситуацијата, да падне малку ветерот – објаснува Снежана.

Но, ситуацијата не се смирила. Дождот и силниот ветер ја погодиле во лицето на Снежана, а таа не можеше да види ништо околу себе.

– Непознат млад господин, кому не можам доволно да му се заблагодарам за помошта, стоел со својот автомобил бидејќи не можел да помине поради паднато дрво. Некое време гледав во него и тој во мене. Потоа видов дека продолжи понатаму, но поради ветерот и дождот не можев да видам во која насока. Само помислив „Боже, останав сама, готово е – истакнува таа.

Снежана продолжила да се држи за знакот, но силите полека ѝ се трошеле. Била сигурна, вели, дека ќе ѝ паднело дрво или дека ќе одлетала сосе знакот. Налетите на ветрот биле неверојатно силни. И тогаш одеднаш се појави спас.

– Го видов тоа младо момче пред мене. Кога некој би ставил пет мажи пред мене и ми каже да се обидам да го препознаам мојот спасител, јас не би го препознала поради количината на шокот што го доживеав. Верувајте ми, ја видов смртта и тој ми беше спас. Фала му на небото – се исповеда Снежана.

– Тогаш притрча и соседот, ме туркаше од едната страна, а младиот човек ме влечеше кон зградата. Тоа го направија со многу мака. Ќерка ми беше сведок на сето тоа, врескаше, сакаше да тргне накај мене, за среќа не ѝ дозволија бидејќи ветрот ќе ја однесеше – додала таа.

Поради целата тепачка која настанала и паниката која ја зафатила, Снежана не е сигурна дали воопшто му се заблагодарила на младичот. Би сакала, вели, да знае кој е тој за да му се заблагодари од се срце за доброто дело.

– Поради него и поради мојот сосед од вчера имам два родендени – заклучила таа.

Поврзани содржини
na