„ВИ БЛАГОДАРИМЕ, ПРИЈАТЕЛИ“ На кулата во Белград беа испишани имињата на државите кои не гласаа за Резолуцијата за Сребреница

„Ви благодариме, пријатели! Горда Србија и Српска. Ние не сме геноцидна нација“, беше проектирана пораката на белградската Кула.

1,767

На белградската Кула вечерва во знак на благодарност беа испишани имињата на земјите кои не гласаа за усвојување на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации.

„Ви благодариме, пријатели! Горда Србија и Српска. Ние не сме геноцидна нација“, беше проектирана пораката на белградската Кула.






Генералното собрание на Обединетите нации во четвртокот ја усвои резолуцијата за Сребреница со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани.

Резолуцијата ја предложија Германија и Руанда. Текстот потоа беше спонзориран од уште 34 земји, вклучувајќи ги сите поранешни југословенски републики меѓу кои и Македонија, освен Србија и Црна Гора.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е погоден од гласањето на Резолуцијата за Сребреница од Северна Македонија во Генералното собрание на Обединетите нации (ГС ОН) бидејќи, како што рече, „најмногу инвестирал“ во односите со нашата земја.

„МЕ ПОГОДИ КАКО ГЛАСАШЕ МАКЕДОНИЈА“ Многу вложив во односите со нашите браќа, вели Вучиќ

Поврзани содржини