„Везешари“ и „Lecker“ за Рамазан и за Велигден донираа производи за најзагрозените семејства
Празниците се период на споделување и помагање, она што ние како компанија се трудиме да направиме е барем за најзначајните празници семејствата да имаат соодветна трпеза, нагласија од компаниите.
Компаниите „Везешари“ и „Lecker“ имаат своја мисија секоја година да донираат пакет свои производи, за секој празник без разлика на верската припадност и етникум. Овие донации тие ги доделуваат токму на оние кои им се најпотребни – семејствата кои се социјално загрозени.
Во исполнување на својата мисија, компаниите продолжуваат и оваа година со донирање на 350 пакети со свои производи во социјалните центри за најзагрозените семејства од секој град во Македонија.
– Оваа социјална категорија на луѓе сакаме да ја направиме безгрижна и да изнудиме насмевки барем на најголемите два празника светиот месец Рамазан и Велигден. Празниците се период на споделување и помагање, она што ние како компанија се трудиме да направиме е барем за најзначајните празници семејствата да имаат соодветна трпеза – нагласија од компаниите.
Придонесот на компаниите „Везешари“ и „Lecker“ кон доброто на заедницата е важен дел од нивната корпоративна стратегија.
– Како општествено одговорни компании се грижиме да придонесеме и да помогнеме во подобрување, но и подигнување на квалитетот на живот, пред сѐ, на најранливите категории, а потоа и на целото општество преку поддржување на активности во спортот, културата, едукација на младите и заштитата на животната средина – додадоа компаниите.
За нив придонесот и поддршката не претставуваат обврска, туку задоволство во споделувањето за подобро утре.
– Овогодинешната донација ја реализиравме во соработка со социјалните центри во сите градови од земјата и секако во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Со помош на оваа соработка нашата помош пристигна во вистински раце, онаму каде што беше најпотребна, и затоа упатуваме голема благодарност за професионалната соработка – велат од „Везешари“ и од „Lecker“.